Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беше одржана ждрепката за осминафиналето во Лига Европа, а во оваа фаза од натпреварувањето не очекуваат неколку интересни натпревари.
Дербито секако е помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад, а ништо помалку интересна нема да биде и пресметката меѓу Атлетик Билбао и Рома.
Фенербахче ќе бара премин во четвртфиналето преку Ренџерс.
Првите осминафинални натпревари се закажани за 6 март, додека реваншите се закажани за 13 март. Финалето на Лига Европа ќе се одигра на 21 мај 2025 година на стадионот Сан Мамес во Билбао.
Осминафинале во Лига Европа:
Лацио – Викторија Плзен
Атлетик Билбао – Рома
Манчестер Јунајтед – Реал Сосиедад
Тотенхем – АЗ
Ајнтрахт Франкфурт – Ајакс
Лион – Стеауа
Олимпијакос – Бодо/Глимт
Ренџерс – Фенербахче