Фолк пејачот Миле Китиќ живее со сопругата Марта Савиќ и ќерката Елена во луксузна вила во Белград вредна половина милион евра, но во минатото не било така и патот до неговиот успех не бил нималку лесен.
– Роден сум на село. Во нашето семејство имаше пет деца. Живеевме од земјоделство. Не бевме баш сиромашни, имаше храна, пијалок, добиток, но не можевме да си дозволиме сè што ќе посакаме, на пример, добар велосипед и некои такви работи – изјави тогаш Миле.
– Спиевме во куќа каде гореше само една печка, другите соби беа ладни, без греење. Имаше периоди кога спиев на места каде што имаше влага, на мувлосан душек. Немавме ниту добра облека, ниту чевли, но бевме здрави. Затоа сега сум здрав. Барем така слушнав дека луѓето кои имаат потешкотии низ детството и животот живеат уште подолго – се присети тогаш пејачот за локалните медиуми.
Китиќ кога дошол во Белград живеел со пријателот, познатиот фотограф Зоран Кузмановиќ Муња, кој им помагал и на многу други пејачи.
– Муња ни помогна на сите, особено на нас од провинција. Спиевме кај него и ако ни требаа пари, Муња беше секогаш тука за нас – се присети познатиот фолкер.
Инаку, својот луксузен дом во Белград го опремиле со скап мебел, а надворешноста на куќата е бела, вилата е опкружена со високи ѕидови со огромна црна капија, а ролетните на прозорците се спуштени, така што внатрешноста на имотот не се гледа од улица.
Куќата е сместена меѓу згради, а тоа е невозможно да не се забележи, бидејќи „боде“ очи на секој што случајно ќе се најде на таа улица.