Железничката линија Скопје – Куманово се враќа, ќе сообраќа два пати на ден

Обновена е железничката линија од Скопје до Куманово. Оваа рута ќе трае 41 минута, а возот ќе сообраќа два пати на ден.

Во одредени периоди од денот возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата и до Крива Паланка.

„Во 16:30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Патувањето ќе трае 41 минута, а ќе сообраќа два пати на ден. Утрото во 06:30 тргнува од Куманово… и истиот воз во 16:30 ќе се врати за Куманово и во секој случај обратно кон Скопје, значи ќе имаме 4 воза дневно кои ќе сообраќаат по 41 минута, што сите ќе се согласите дека е навистина брзо“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски по денешната посета на Транспортниот центар.