Жената, која побара да остане анонимна, е една од четворицата сведоци кои виделе маж во костум како трча во правец на станицата на подземната железница нешто по 11:30 часот тој ден.
Откако британски Мирор ја објави веста дека човекот баран на распит во врска со убиството на познатата водителка на Би-Би-Си Џил Дандо наводно наликува на Милорад Улемек Легија, новинарите на овој весник разговарале со жена која е еден од сведоците во овој случај кој после 25 години се уште не е решен.
На 26 април 1999 година случајно поминала покрај улицата во близина на куќата на Џил Дандо и видела непознат маж како трча.
Следниот ден жената ѝ кажала на полицијата дека еднаш видела маж како „трча со запрепастен израз на лицето“. Еден месец подоцна го препознала на видеото од надзорната камера.
Кога новинарите на Мирор ја прашале дали човекот што го видела е Легија, таа откако ја видела неговата фотографија кратко одговорила: „Тоа е тој“.
На прашањето дали е сигурна во тоа, таа одговори:
„Да, не се сомневам…Тоа беше многу одамна, но се сеќавам на лица од пред многу години. Лоша сум во помнењето на имињата, но јас сум добра во помнењето на лицата“, рече таа.
Таа исто така рече дека мисли дека треба да разговара со полицијата.
🇬🇧 I Saw Him
— 𝙵𝚛𝚘𝚗𝚝 𝙿𝚊𝚐𝚎𝚜 𝚃𝚘𝚍𝚊𝚢 📰 (@ukpapers) April 24, 2024
▫Exclusive: Chilling two words of Jill Dando witness after seeing ruthless Serbian assassin image
▫Tom Pettifor & @MatthewYoung7
▫https://t.co/T6qmMiDEqO 👈#frontpagestoday #UK @DailyMirror 🇬🇧 pic.twitter.com/SUIbfN6j7d
Жената, која побара да остане анонимна, е една од четворицата сведоци кои виделе маж во костум како трча во правец на станицата на подземната железница нешто по 11:30 часот тој ден.
Според Мирор, експертот за споредба на лица Еми Полито тврди дека забележал повеќе сличности меѓу непознатиот маж и Милорад Улемек Легија.
Мирор потсетува дека Улемек беше осуден на повеќедецениска затворска казна во Србија и дека во времето на убиството на Жил Дандо, британски авиони ја бомбардираа Србија за време на интервенцијата на НАТО.
Според нив, неколку часа по смртта на Џил Дандо, имало повик во кој се тврди дека „новинарката е убиена поради бомбардирањето“.
Мирор пишува дека Улемек „има запрепастувачка сличност со осомничениот кој се качи во автобус во Фулам, југозападен Лондон, неколку минути откако Џил беше застрелана пред нејзиниот дом“.
Полито, кој како експерт соработува и со полицијата, тврди дека непознатиот маж од видеото и Легија имаат слично обликувани усни, брада, коса, бакенбарди, а обликот и големината на носот и ушите на двајцата мажи се исти.
„Во рамките на ограничувањата на фотографиите, не беа пронајдени разлики меѓу непознатиот маж и г-дин Улемек“, се вели во извештајот на Полито. Како се вели Полито можел да даде само ограничено тврдење дека двајцата мажи биле иста личност поради недостигот на детали на матната фотографија од безбедносните камери.
„Постојат бројни сличности меѓу двајцата мажи, особено во областа на усните и линијата на косата, што додаваат одредена тежина на тврдењето дека тие се иста личност“, рече Полито.
Полито рече дека можеби е можно да се направи попрецизен наод доколку се добие подобар квалитет на снимката од камерата. Дополнително, вештакот посочил вдлабнатина во носот на Улемек, која не се гледа на снимката од камерата, но е видлива на фотороботот направен од тогашен очевидец, а кој полицијата го објави. Полито не прикачи слика од фотороботот.
Александар Ковачевиќ, адвокатот на Милорад Улемек Легија, рече дека „неговиот клиент не сакал да учествува кога го прашале дали ја убил Жил Дандо“, пишува Мирор.
„Ве известувам дека мојот клиент е информиран за ова и дека не е заинтересиран да учествува“, рече Ковачевиќ, според Мирор.
[World & Serbia] Chilling two words of Jill Dando witness after seeing ruthless Serbian assassin image https://t.co/k4Qt6QZGX1
— Yu mreža (@yumrezacom) April 23, 2024
Скотланд Јард издаде соопштение во понеделникот на 22 април во кое се вели дека на 25-годишнината од убиството на Џил Дандо, „нашите мисли остануваат со нејзиното семејство и сите оние кои се погодени од нејзината смрт“.
„Во годините по нејзиното убиство, истрагата беше предмет на бројни прегледи, со цел да се утврди дали работите можат да се движат напред како што напредуваат технологијата и форензиката. Истрагата сега е во неактивна фаза, што значи дека во моментов не е предмет на рутински прегледи. Меѓутоа, ниту едно неразјаснето убиството никогаш не било затворено и детективите ќе разгледаат какви било нови информации за да проценат дали тоа претставува нова и реална линија на истрага“, наведуваат од Скотланд Јард.
Да потсетиме, Улемек беше осуден на 40 години затвор за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, за злосторствата на Земунскиот клан, за четирикратното убиство на Ибарската магистрала во 1999 година и за убиството на Иван Стамболиќ во 2000 година.