Мариника Тепиќ од Партијата за слобода и правда (СПП), која штрајкува со глад во зградата каде заседава Републичката изборна комисија на Србија (РИК), на протестот вечерва во Белград порача дека изборите ќе бидат поништени.
„По изборите во 2012 година, Александар Вучиќ изјави: ‘Поради еден глас, изборите се поништуваат, поради еден глас’… И единственото нешто што оваа земја требаше да го обезбеди за своите граѓани е да избираат слободно. Ама украдоа, Александар Вучиќ, ти украде, не еден, туку илјадници и илјадници гласови!“, вели Мариника Тепиќ на протестот пред РИК.
Мариника Тепиќ во својот говор пред насобраните луѓе додаде:
„Затоа од ова место ви порачуваме и ве цитираме: Овие избори се поништени. Благодарам“, нагласи Мариника Тепиќ.
Нејзиниот говор беше проследен со голем аплауз од луѓето.
Да потсетиме, Мариника Тепиќ веќе седум дена штрајкува со глад, а ѝ се придружија уште шест поранешни пратеници и претставници на коалицијата „Србија против насилството“.