Во светот на домашните миленици, некои избираат кучиња или мачки, но една смела жена од Калифорнија избрала нешто поинакво – посвоила 50 стаорци!
Љубител на животни стана интернет сензација откако ги покажа своите 50 миленици стаорци кои ги третира како бебиња.
Кога станува збор за изборот на домашни миленици, некои претпочитаат кученца, додека други избираат поегзотични, како што се гуштери, тарантули или дури стаорци, како во случајот со една Американка која посвоила дури 50 стаорци.
Мишел Рејбон (51) од Палмдејл, Калифорнија, ги посвои своите први неколку стаорци во 2018 година и сега има импресивни 25 женки и 25 мажјаци од овие преслатки суштества.
@biggieisis #Dirtyrat #tictockanimals #ratatouille ♬ good soup – jeys.
Откако го украси својот дом со голи стаорци како Елвис и Чак, како и два норвешки „фенси“ стаорци Луси и Етел, оваа мајка на две деца не застана. Мишел се стекна со светска слава откако на Фејсбук сподели видео од нејзините стаорци кои уживаат во бањање во мијалник, што и донесе дури 350.000 лајкови.
Оваа пензионерка ги гледа стаорците како свои бебиња и тврди дека тие се исклучително приврзани животни.
@biggieisis #tictockanimals #ratsoftiktok ♬ original sound – Jack Napier
– Секој од нив има своја личност и уникатност, па некои се издвојуваат повеќе од другите. Тие се многу социјални, сите трчаат кога ги хранам. Ги одгледував поради нивниот темперамент и планирав да ги продадам, но се заљубив во нив и сега ми се миленици. Ги имаме многу – низ насмевка објасни Мишел.
Посетителите на домот на Мишел често се изненадени од бројот на стаорци со кои се среќаваат, но таа тврди дека нејзините бебиња брзо ги шармираат скептиците.
– Некои се слободоумни, додека други се уште веруваат во стигмата за стаорците како валкани и болни животни. Сепак, многумина беа изненадени од тоа колку луѓе всушност се заинтересирани за стаорци како домашни миленици – изјавила Мишел.
Покрај стаорци , Мишел се грижи и за четири кучиња, три мачки и две свињи, како што објавиМирор.