Според полицијата, жената патувала по поплавен државен пат во близина на Маркт Ретенбах и ги игнорирала безбедносните бариери на патот.
Пет лица ги загубија животите во поплавите кои ја парализираа Баварија , а меѓу нив има и една 57-годишна жена, која успеала да повика брза помош, но за жал се удавила во својот автомобил.
Според полицијата, жената патувала по поплавен државен пат во близина на Маркт Ретенбах и ги игнорирала безбедносните бариери на патот. На затворен дел се лизнала од патот на ливада која била поплавена.
Таму имало многу висок водостој, поради што нејзиниот автомобил речиси целосно паднал. За жал, таа не успеала ниту да ја отвори вратата.
Она што можеше да направи е да се јави на 911 и да пријави каде е и дека нејзиниот автомобил се полни со вода. Но, кога полицаецот открил каде се наоѓа, жената била мртва.
Докторот, кој набрзо пристигнал на местото на настанот, можел само да констатира смрт на жената.
За потсетување, градот Пасау во Долна Баварија во вторник прогласи вонредна состојба поради очекуваното влошување на состојбата со поплавите.
Нивото на Дунав се очекува попладне да достигне висина од 10 метри, најавил градскиот портпарол.