Детето почнало да го влече водата, но случаен минувач кој бил во близина веднаш реагирал
Поројните дождови во четвртокот што уследија по долгата суша ги претворија улиците во реки што носеа автомобили и речиси однесоа некои пешаци во градовите долж шпанскиот медитерански брег.
Во градот Молина де Сегура во југоисточниот регион Мурсија, едно дете за малку ќе било однесено од поплава, а снимката од инцидентот станала вирална на социјалните мрежи.
На видеата се гледа жена со количка за бебиња како се обидува да ја премине улицата низ која јури водата, за набргу потоа нејзината количка да се преврти и од неа да испадне дете на возраст од две до три години.
Момчето почнало да го влече водата, но случаен минувач кој бил во близина веднаш реагирал и го фатил детето пред да отиде далеку, а потоа го извлекол на безбедно.