Кога станува збор за домашни миленици, некои луѓе сакаат кучиња, мачки или повеќе егзотични животни, како гуштери, пајаци, змии.
Мишел Рејбон (51) избра да одгледува стаорци во својот дом, не еден, два или три, туку педесет!
Нејзината приказна стана вирална минатата година, а сега повторно е актуелна.
Пензионерка од Палмдејл (Калифорнија) покажа како нејзините миленици се капат во мијалник, и предизвика бројни реакции на мрежите.
Во нејзиниот дом има 25 женки и 25 мажјаци, а првите миленици ги посвоила во 2018 година.
„Тие се мои бебиња, не можат да згрешат“, рече таа.
Мишел на време открила дека секој нејзин стаорец има уникатна личност и дека неколку се издвојуваат.
„Многу се друштвени и кога ќе ги нахраните, сите трчаат. Порано ги продавав, но сега ги чувам, а имам многу“, додаде таа.
Кога гостите доаѓаат во нејзиниот дом, тие често се шокирани од бројот на стаорци кои трчаат наоколу по мебелот.
„Луѓето обично имаат предрасуди, мислат дека стаорците се само валкани животни кои пренесуваат болести. Моите не се такви. Луѓето се предомислуваат кога ќе ги сретнат и потоа ги сакаат како свои миленици“, заклучила Мишел.