Една Кинеска се јавила на 911 затоа што се чувствувала осамено.
Полицијата уапси жена под обвинение дека е одговорна за 2.761 лажни повици до итните служби таму во последните три години.
Нироко Хатагами (51) од кинескиот град Мацудо, источно од Токио, се најде зад решетки, пишуваат медиумите.
Властите веруваат дека таа повиците најчесто ги остварувала од мобилен телефон, во периодот од август 2000 до мај 2023 година.
Таа признала дека повикала итна помош, вклучително и пожарна и брза помош, од нејзиниот дом или од други локации, а причината што ја кажала звучи бизарно – се чувствувала осамено.
Локалните медиуми објавија дека таа сака „некој да ја сослуша и да и обрне внимание“ .
За време на лажните повици таа најчесто се жалела на силни болки во стомакот и нозете, но и дека се предозирала со наркотици.
Кога екипите пристигнале на нејзината адреса, таа одбила медицинска помош или негирала дека воопшто се јавила.
Истражувањата покажуваат дека 1,5 милиони луѓе во Јапонија страдаат од хронична осаменост.