ЖЕНА ИТНО БАРА ЉУБОВНИЦА ЗА СВОЈОТ МАЖ: Објавила оглас, а ОВА Е ПЛАТАТА

Таа објасни се во емисијата каде што гостуваа

Патима Чамнан (44) од Бангкок најмила љубовница за својот сопруг, бидејќи верува дека „не може да го задоволи“.

Таа на социјалната мрежа TikTok објави видео кое стана вирално, а иако веќе не е достапно, се знае што барала жената.

Во еден вид оглас таа прецизираше дека кандидатките мора да бидат на возраст од 30 до 35 години, да имаат завршено средно или високо образование и добри резултати на здравствен преглед (вклучително и ХИВ тест).

„Ќе ви плаќам 350 евра месечно, ќе имате сместување и бесплатна храна. Но, треба да ми помогнеш. Две девојки ќе ми помагаат во канцеларија, додека третата ќе биде на услуга на мојот сопруг, детето и мене“, објасни Патима.

Таа подвлече дека нема да има никаков проблем со избраната љубовница.

„Гарантирам дека нема да има кавга меѓу мене и тебе. Му дозволувам на мојот сопруг да избере со кого сака да спие. Нема распоред, тој избира“, рече таа.

Видео рекламата стана хит на тајландските друштвени мрежи и собра повеќе од 56.000 лајкови, пишува Дејли Стар.

По некое време, Патима го стеснила изборот и вработила 33-годишна девојка. Таа открива дека таа е нејзина „пријателка“, а на видеата делуваат многу блиски.

„Тоа не е она што го очекуваше сопругот, но се согласи дека таа може да биде неговата мала сопруга“.