Жена која може апсолутно се: Бијонсе каква што досега не сте ја виделе

Таа уште еднаш докажа дека нема ништо што не може да го изведе совршено.

Ако некој направил неверојатни трансформации во својот изглед во кариерата , тоа е Бијонсе. Глобалната ѕвезда штотуку ја објави својата долгоочекувана линија за нега на коса, Cécred, и не сме изненадени што веднаш стана вирална.

Новиот проект на кој работеше сигурно ја инспирираше да се занимава малку повеќе со својот стајлинг, поточно со косата, па во последните месеци ја гледаме поп-дивата во публикации во кои досега не сме ја виделе.

Бијонсе ја краси насловната страница на 24-тото издание на CR Fashion Book, „Audacious Issue“ и ова е втор пат да се појави на истото издание, а во прилог на тоа проба и тренди боја на коса – црвена.

Сепак, тоа не е се. Испробала неколку различни фризури, па имаме можност да ја видиме како црномуреста, а во ова издание најмногу ги воодушеви фановите.