Згрижувачка мајка која спасувала сирачиња од воена Украина е обвинета за сексуална злоупотреба и дозволување на педофилите да ги силуваат децата што таа ги негувала, пишува Daily Mail.
Во судот во полскиот град Познан беше кажано дека Украинката Светлана Пљушко редовно ги малтретирала децата, терајќи ги да ставаат валкани пелени во уста и да јадат повраќаници.
Наводно, 53-годишната жена сексуално злоставувала десет деца на возраст од четири до 16 години, ги дрогирала и повикувала локални педофили да ги малтретираат во замена за пари.
Обвинителката Анета Чамчињска-Пенкала опиша еден од овие грозоморни настни: „Заедно и во договор со неидентификувани мажи, што претставувале извор на приходи за неа, им предала малолетничка за да ја принудат на сексуален однос“.
Новинарот Пјотр Житнички од Gazeta Wyborcza изјавил: „Ја држеле за коса и ја силувале, додека жената стоела на вратата со телефонот во рака и гледала кога ќе поминат 20 минути. Овие луѓе веројатно платиле за тие 20 минути, а децата подоцна мислеле дека таа ги спасила“.
Еден детски психијатар рекол дека децата биле „исплашени“ кога таа разговарала со нив. Тие биле принудени да седат со рацете на колена, главите наведнати и без контакт со очите.
„Тие беа бледи и многу слаби. Едно 5-годишно девојче тежело само 11 килограми. Имаа лоши заби. Ова не е невнимание што се случи за само неколку недели“, кажал психијатарот во изјава за споменатиот весник.
Куќата на ужасите била разоткриена откако бил повикан доктор бидејќи едно дете имало тешки стомачни проблеми.
Таа вечер детето почнало да зборува за насилството на Светлана Пљушко. „Никогаш не сум видел такво дете. Само зјапаше во една точка, солзи ѝ течеа по лицето, и зборуваше за ужасите. Таа истури информации. Ќе завршеше една тема и ќе почнеше друга. Следниот ден повеќе деца почнаа да зборуваат“, рекол докторот.
Светлана Пљушко, на која сега и се заканува затворска казна до 15 години, кажала дека пред руската инвазија, 15 години водела згрижувачки дом во Украина. Таа додала и дека никогаш досега немало поплаки на нејзина адреса.
Негирајќи ги сите обвинувања, таа кажала: „Можеби ги повредив затоа што не им дадов доволно љубов и грижа“.
Судењето продолжува…