Секогаш е важно да го проверувате датумот на истекување на производите што ги користите за нега на кожата. Тоа е лекција што една девојка ја научи на потешкиот начин. Пластичниот хирург Ентони Јун ги покажа раните на една девојка откако нанесе производи со истечен рок на лицето. Така добила бактериска инфекција, која предизвикала сериозни изгореници.
„Таа чекаше четири дена пред да оди во болница, каде што лекарите и дијагностицираа бактериска инфекција која можеше да влезе во нејзиниот крвоток“, рече д-р Јун.
Тој посочува дека девојката нанесувала производи со истечен рок против акни и темни дамки на лицето. Кожата веднаш почнала да и’ гори, па го измила лицето, но веќе било доцна.
„Како што гледате, има развиено рани, отоци, дури и изгореница меѓу очите“, рекол докторот и ги предупредил сите веднаш да ги фрлат производите кои веќе не се употребливи.
„Кога производите ќе истечат, нивниот хемиски состав може да се промени и бактериите да почнат да растат во нив“, истакна тој.
Најголемите ризици од користење на производи за нега на кожа со истечен рок вклучуваат губење на ефективноста и иритација од деградирачки состојки. Шминка со истечен рок исто така не се препорачува да се користи бидејќи го зголемува ризикот од затнување на порите и поттикнување на растот на бактериите.
„Кожата може да реагира на состојките на производот ако им е истечен рокот. Ова може да доведе до црвенило или иритација. Ако бактериите навлезат во отворен сад или на четка, тие можат брзо да се размножат и да предизвикаат мозолчиња или други инфекции“, велат од клиниката Мајо.