Во СВР Велес вчера било пријавено дека на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, 63 годишната С.Т. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.
Како што информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес ,во несреќата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.