Жена од Калифорнија се породила четири пати во ист ден: Неверојатно е што сите го слават роденденот заедно

Една жена од Калифорнија неодамна го роди своето четврто дете, кое случајно е на ист датум на раѓање како и нејзините други три деца.

Според американските медиуми, Наужа Дрејк (26) родила син, Кајлоу, на 7 јули, а ги има и Кјуан, кого го родила во 2019 година, ќерка, На’Заиле, која ја добила во 2021 година, и син, Халан, кого го добила во 2022 година.

„Откако го родив моето четврто бебе, бев целосно запрепастена што имав четири деца родени во ист ден“, рече Наужае.

Потоа таа објави дека е тажна што пропушта уште една роденденска забава за нејзините деца.

„Ми беше жал што пропуштив уште една роденденска забава за моите деца. Ова ќе беше третата што ја пропуштам поради породување, но им ветив дека ќе им надоместам. Сè уште е нереално што сите го делат истиот роденден, па се чувствувам како да го имам Божиќ двапати годишно. Едноставно е неверојатно што сите се родени на ист ден“, рече таа.

Таа исто така откри дека сите имаат ист белег на десната нога. Претходно откри дека луѓето околу неа често претпоставуваат дека има близнаци.

Таа нагласи дека ниту едно од породувањата не било предизвикано, ниту пак 7 јули е термин за породување на кое било од децата. Сите породувања биле спонтани. Таа вели дека докторот не можел да поверува дека не била предизвикана, па затоа го проверил картонот за да се увери.

Патем, шансите да се имаат четири деца на ист датум на раѓање без медицинска интервенција се проценуваат на милиони. Дрејк додаде дека откако го дочекала своето четврто дете, сите ѝ рекле да игра на лотарија.