Австралијка која го земала популарниот лек за слабеење Оземпик за да изгуби неколку килограми пред свадбата на нејзината ќерка, починала од гастроинтестинално заболување, пишува Њујорк пост.
На Триш Вебстер (56) и’ препишале лекови за да и’ помогнат да го облече фустанот од соништата за свадбата на нејзината ќерка. Оземпик е одобрен од американската Администрација за храна и лекови за луѓе со дијабетес тип 2, а неодамна се користи ширум светот како лек за губење на тежината.
Лекот делува така што го имитира природниот хормон GLP-1, кој го забавува минувањето на храната низ желудникот и цревата, па луѓето подолго се чувствуваат сити. Проблемите се јавуваат кога лекот премногу го успорува желудникот или ги блокира цревата. Вебстер го земал заедно со инекција Сакенда на рецепт и изгубила околу 15 килограми за пет месеци.
„Од нејзината уста излегуваше кафеава течност“
Лековите и’ помогнале да ослабне, но и ја разболеле. Во јануари, само неколку месеци пред венчавката на нејзината ќерка, сопругот ја нашол во несвест и имала кафеава течност која и’ течела од устата.
– Сфатив дека не дише и почнав со реанимација. Од нејзината уста излегуваше кафеава течност и ја свртев на страна бидејќи не можеше да дише“, изјави Рој Вебстер минатата недела. Триш почина таа вечер, а причината за смртта беше наведена како акутна гастроинтестинална болест.
– Да знаев дека ова може да се случи, таа немаше да ги земе тие лекови. Никогаш не помислив дека можеш да умреш од тоа. Не требаше да умре. Ова не вреди, едноставно не вреди – рекол нејзиниот сопруг.
Компаниите кои го произведуваат лекот се соочија со тужби во САД поради тврдењата дека нивните популарни лекови за слабеење може да предизвикаат сериозни гастроинтестинални проблеми како што е стомачна парализа, што може да доведе до смрт.