Жена открила отровна змија во својот автомобил додека возела на автопат во Мелбурн, поради што застанала во шок, соопшти полицијата.
Жената била пренесена во болница поради сомнение дека ја каснала змија и се чувствува добро. Полицијата соопшти дека жената рекла дека возела со брзина од 80 километри на час кога почувствувала нешто на ногата, а потоа ја здогледала змијата.
Експертите рекоа дека станува збор за змија-тигар (Notechis scutatus occidentalis), еден од најотровните видови во светот, пренесе Би-би-си.
Откако властите ја извлекле од возилото, змијата била пуштена назад во дивината, далеку од куќи и луѓе.