Жена пронајдена обесена во венчаница: Полицијата добила пријава, а потоа наишле на страшна сцена

Телото на исчезната жена е пронајдено обесено покрај прометниот автопат во Бразил.

Полицијата соопшти дека жената, која, според локалните медиуми, исчезнала минатиот вторник, била облечена во венчаница.

Телото било откриено од полицијата во близина на мост на границата меѓу државите Сао Паоло и Мато Гросо. Медиумите јавуваат дека покрај телото биле пронајдени патики, кацига, шише алкохол, чаша…

Полицијата ја проверила локацијата откако добила информација дека во близина има напуштен моторцикл. Идентитетот на жената, која е од Трес Лагоас, не е објавен.

Телото било во фаза на распаѓање и е пренесено во Институтот за судска медицина.

Медиумите во Бразил неофицијално наведуваат дека имало видливи гребаници на грбот на жената.