Жена сакала да го разнесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со бомба

Постара жена од централен Израел е уапсена под сомнение дека планирала убиство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави израелската јавна телевизија КАН.

Жената е осомничена за планирање напад врз премиерот со употреба на импровизирана експлозивна направа.

Според извештаите, таа била уапсена пред две недели, но била ослободена под услов да ѝ биде забранет пристап до сите државни институции и да му се приближува на премиерот.

Според КАН, против неа во четврток ќе биде покренато обвинение за заговор за извршување кривично дело и заговор за извршување терористички чин.