Жена сама дома си направила царски рез! Преживеала со чиста среќа, но еве што се случило со бебето

Болката при породувањето е неспоредлива, а за жената од Мексико, Инес Рамирез Перез, ситуацијата станала уште поекстремна кога била принудена сама да ја направи операцијата за да се спаси себеси и своето дете.

Породувањето е искуство кое ниту една жена не го заборава, а болката што ја придружува е тешко да се спореди со било што друго . Мексиканката Инес Рамирез Перез доживеала исклучително стресна ситуација во 2000 година, кога поради породување дома била принудена да интервенира за да се спаси себеси и своето бебе .

Таа во тоа време веќе имаше осум деца, но претходно го изгуби деветтото поради компликации. Иако била сама, Инес поминала 12 часа во агонија, борејќи се да го донесе своето бебе на свет. Кога сфатила дека породувањето не напредува, решила дека мора да преземе драстични мерки.

– Замислував дека ќе умрам, но ако преживее, сакав да живеам за да ја видам како расте – изјави Инес за „ Унилад “.

Без медицинско знаење, но со искуство во колење животни, Инес самостојно со помош на кујнски нож ги отворила желудникот и матката за да го извлече синот. Откако бебето почнало да дише, таа испратила едно од нејзините деца да повика медицинска сестра. Иако паѓала во несвест, лекарите потврдиле дека нема инфекција или оштетување на внатрешните органи.

Десет дена по операцијата, Инес закрепна и беше пуштена од болница. Овој настан го истакна сериозниот проблем со недостаток на медицинска нега во руралните средини. 

Инес имала среќа – на ниту една жена не треба да ѝ падне на памет сама да се соочи со вакви екстремни околности.