Млада мајка од Перт доживеала несекојдневна ситуација кога на предното седиште во автомобил го родила своето второ дете, а покрај неа бил нејзиниот партнер.
Миа Катсон (26) на TikTok го сподели своето незаборавно искуство со раѓање, кое го опиша како „диво и убаво“. За разлика од првото породување кое било предизвикано, овој пат се се случило многу побрзо отколку што очекувала.
– Во понеделникот наутро се чувствував одлично – ја започна својата приказна Миа, која беше бремена во 40 недела и три дена. Иако подоцна во текот на денот почувствувала необичен притисок во долниот дел на стомакот, сличен на болки во гасови, мислела дека тоа можеби е само почеток на породувањето и продолжила со секојдневните обврски.
Тој ден отишла на преглед каде дознала дека веќе и е раширена три сантиметри. Иако акушерката проценила дека бебето може да дојде пред петок, Миа не очекувала дека се ќе се случи тој ден.
Околу 12 часот и 30 минути, кога се вратиле дома, работите наеднаш се смениле. По краткото туширање, Миа почувствувала поголема болка, но сè уште не била сигурна дали тоа е вистинската работа. Дури кога контракциите станале интензивни и почести, решиле да одат во болница.
На пат до болница, за кој требало да бидат потребни 20 минути, нејзината болка станала неподнослива. Во моментот кога и пукнала водата, сфатила дека породувањето е неизбежно.
@mia.kaston Part 1 of my unintentional car birth #birthstory #freebirth #labourandbirth #precipitousbirth #australia #mumsoftiktok ♬ original sound – Mia Kaston
Таа родила бебе на предното седиште
– Му реков на партнерот да го запре автомобилот. Кога ја отвори вратата, јас веќе го држев бебето на градите. Таа е родена розова и плаче, бевме во шок – изјави Миа.
Тие повикале брза помош, која пристигнала за седум минути, но искуството со нив го опишале како непрофесионално.
– Немаа ниту крпи, ниту ќебиња, а додека се расправаа дали да ја пресечам папочната врвца во автомобилот или во амбуланото возило, јас морав гола да одам до возилото, додека автомобилите поминуваа покрај нас – изјави Миа.
@mia.kaston Part 2 of my unintentional car birth 🤍 #mumsoftiktok #laboranddelivery #birthstory #perth #unmedicatedbirth #freebirth #homebirth #baby #fyp ♬ original sound – Mia Kaston
За време на возењето со брза помош, Миа ја исфрлила плацентата, со болни контракции и без аналгетици. Иако изгубила 1,3 литри крв и морала да остане во болница преку ноќ, таа го опишала искуството како убаво.
– Знам дека на некои ова би звучело трауматично, но за мене тоа беше позитивно искуство. Единствено жалам предното седиште на автомобилот – низ насмевка изјави Миа.