Жена со двојна матка роди две бебиња за два дена во Алабама

Американка со двојна матка се породила двапати во рок од 24 часа.

Келси Хачер (32) ја роди својата прва ќерка во вторникот, а втората во средата во болницата на Универзитетот во Алабама во Бирмингем (UAB).

Девојките се опишани како „братски близнаци“ – со одвоени родендени, јавува Би-Би-Си.

Хачер рече дека семејството сега се врати дома и може да „ужива во празниците“. Таа го очекуваше бебето во Божиќ.

На 17 години, на мајката и било кажано дека има двојна матка (диделфис) – опишана како ретка вродена аномалија која влијае на 0,3 отсто од жените.

А шансите за забременување во двете матки беа мали, „еден во милион“.

Случаите пријавени ширум светот се многу ретки. Во 2019 година, лекар од Бангладеш изјави за Би-Би-Си дека една жена родила близнаци откако родила предвремено бебе во другата матка.