Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, ја лишиле од слобода Г.И. (50) од гостиварско Неготино.
Како што соопшти МВР, таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода.
По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од МВР