“ЖЕНА ЅВЕР“ – Бегалка од Русија се обидела да ја убие својата двојничка со парче торта, имала брутален ‘ѓаволски’ план: “Исклучително опасна…“

Русинката Викторија Насирова е осудена на 21 година затвор бидејќи се обидела да ја убие својата двојничка во бизарен заговор за кражба на идентитет во Њујорк, САД.

На 28. август 2016 година, таа на својата козметичарка Олга Цвик и дала парче отруен чизкејк (торта) пред да и го украде пасошот и работната дозвола.

Кога дознала за пресудата, Викторија Насирова (47 г.) го пцуела судијата во судот во Њујорк.

Обвинителот Мелинда Кац ја нарече „немилосрден и брутален измамник“ и соопштил дека – „Викторија Насирова ќе оди во затвор на долго време за обид за смртно убиство“.

Судот слушнал дека на денот на обидот за убиство, Викторија Насирова отишла кај Олга Цвик со кутија торта – и таа самата изела две парчиња, а третото, отровно парче и го понудила на тогаш 35-годишната жртва. Козметичарката почнала да повраќа и се онесвестила. Имала халуцинации и за малку ќе добиела срцев удар.

Нејзината пријателка ја пронашла во несвест следниот ден, а Русинката се пресоблекла во чипкаста долна облека и расфрлала апчиња на подот за да изгледа дека Цвик се обидела да си го одземе животот.

Кога Цвик конечно се вратила дома од болница, сфатила дека и недостасуваат украинскиот пасош и американската работна дозвола, заедно со накитот вреден околу 4.000 долари.

Во тоа време, Цвик и Насирова изгледале сосема слично – и двете имале темна коса и сличен тен а и двете зборувале руски јазик.

Во остатоците од чизкејкот (тортата) е пронајден феназепам, моќен седатив, а потврдено е дека таблетите расфрлани на подот се истиот лек.

Судијата на Врховниот суд, Кенет Холдер, во средата ја опиша Викторија Насирова како „исклучително опасна жена“ која смислила „ѓаволски“ план, пишува New York Post.

По излегувањето од затвор, Русинката пет години ќе биде под судски надзор, утврдил судијата.

На жртвата и било дозволено да зборува пред судот пред да биде прочитана пресудата. „Лесно ѝ беше да краде. Лесно и беше да убие“, рекла таа, објавува споменатиот весник.

Ова не било прв пат Викторија Насирова да влезе во проблеми со законот.

Во 2015 година, Интерпол и издал потерница за убиство на жена во Русија една година претходно. Таа била обвинета за убиство на нејзиниот сосед и кражба на нејзината животна заштеда.

Викторија Насирова, за која американските медиуми јавуваат дека е поранешна доминатрица, е обвинета и за дрогирање и ограбување на мажи кои ги запознала на веб-страниците за запознавање.

Нејзините злосторства – и наводни и осудени – биле тема на документарен филм од 2017 година на истражувачката емисија „48 hours“ на CBS.

женазлосторствоЊујоркСАД