ЖЕНА ЈА ИЗЕЛА ОВАА РИБА ПА И ГИ АМПУТИРАЛЕ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ: ПРСТИТЕ И НОЗЕТЕ И БИЛЕ ЦРНИ, оваа работа може да му се случи на секој

„За сите нас е многу тешко. Тоа е ужасно. Ова можеше да му се случи на секој од нас“, изјави Месина за KRON.

Една жена од Калифорнија морала да и ги ампутираат сите екстремитети откако изела парче недоволно сварена тилапија.

На мајка од Калифорнија и биле ампутирани сите четири екстремитети откако јадела риба заразена со смртоносна бактерија, пишува NYpost

Лаура Барахас (40) минатиот месец купила риба на локалниот пазар во Сан Хозе, која ја подготвила и ја јадела дома, напишала нејзината пријателка Ана Месина во кампањата GoFundMe. Барахас поминала повеќе од еден месец во болница борејќи се со инфекција со Vibrio vulnificus пред да и бидат отстранети сите екстремитети во средата.

„За сите нас е многу тешко. Тоа е ужасно. Ова можеше да му се случи на секој од нас“, изјави Месина за KRON.

„Таа за малку ќе го загубеше животот. Беше на вентилатор. Ја ставиле во медицински индуцирана кома. Нејзините прсти беа црни, стапалата црни, долната усна црна. Таа имаше целосна сепса и бубрезите и откажуваа“.

Рибата наводно била заразена со потенцијално смртоносната бактерија „Vibrio vulnificus“ пронајдена во сировата морска храна и морската вода.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) издаде здравствен совет на 1 септември, предупредувајќи на зголемување на бактериските инфекции Vibrio vulnificus во САД поради зголемените температури на водата, пишува Insider.

Vibrio vulnificus е бактерија која напредува во потоплите води на Мексиканскиот Залив, според ЦДЦ. Познато е дека бактериите Вибрио предизвикуваат приближно 80.000 болести во САД секоја година, според агенцијата, како што објави N1.