Постои сценарио според кое жените би можеле да бидат на чело на сите главни институции на Европската унија.
Ова го пишува угледниот весник Politico, кој наведува дека по изборите за ЕУ во јуни, главните позиции во Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент, како и позицијата на прв човек на Европската служба за надворешни работи, ќе бидат распределени меѓу главните политички парламентарни групи кои се водени од жени.
Се наведува дека новинарите на оваа тема забележуваат имињата на четири жени кои се поврзани со тие функции.
Конкретно, се шпекулира дека Германката Урсула фон дер Лајен, односно дека таа ќе остане на чело на Европската комисија, Малтежанката Роберта Мецола, односно дека и таа ќе продолжи да биде претседателка на Европскиот парламент, а Данката Мете Фредериксен, актуелна премиерка на оваа земја, наводно ќе ја преземе функцијата претседателка на Европскиот парламент.
Покрај тоа, премиерката на Естонија, Каја Калас, се смета за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, односно дека може да се најде на местото шефица на дипломатијата на ЕУ.
„Тоа е мојот тим од соништата. Тоа би испратило толку силна порака“, изјавил за Politico дипломат кој инсистирал на анонимност.
Се наведува дека се уште не се донесени одлуки, но дека секогаш се можни изненадувања при распределбата на главните функции во ЕУ, а се потсетува дека Урсула фон дер Лајен не била на „радарот“ на многумина пред да биде избрана за претседателка на Европската комисија.
Сепак, бриселските медиуми оценуваат дека има многу смисла за оваа комбинација на распределба на функции.
Во тој случај, и Европската комисија и Европскиот парламент би останале во рацете на Европската народна партија (ЕПП), социјалистите би добиле контрола над Европскиот совет, а либералите би добиле место во Европската служба за надворешни работи – дипломатското крило на ЕУ.
Ова се совпаѓа со исходот од изборите за Европскиот парламент предвидени со анкетата на Politico, на кои ЕПП и социјалистите ќе ги заземат првите две места на гласачкото ливче, а либералите ќе бидат четврти.
Според истото истражување, ултрадесничарите и конзервативците би се снашле добро на изборите, освојувајќи ги третата и петтата позиција, но нема да добијат ниту една од главните позиции, освен можеби позицијата потпретседател на Европската комисија, што би можело да оди кај конзервативците.
Се наведува дека се проценува дека Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола најверојатно нема да ги напуштат сегашните позиции и дека дипломатите се посериозно ја разгледуваат опцијата премиерката на Данска, Мете Фредериксен, да ја преземе функцијата на Шарл Мишел, актуелниот претседател на Европскиот совет.
Дополнително, по ходниците се почесто се споменува името на премиерката на Естонија, Каја Калас, пред се поради еден важен фактор, а тоа е географската положба на нејзината земја.
Се наведува дека, во светлината на војната во Украина, многу лидери од источноевропските членки на ЕУ веруваат дека функцијата министер за надворешни работи на ЕУ требало да и припадне на Каја Калас.