Мажите се генерално посреќни од жените – но тоа е само додека жените не наполнат 85 години
Според психијатрите, тоа може да биде затоа што повеќето жени се вдовици на 85-годишна возраст.
Ова може да се намали во староста бидејќи нивните деца стануваат возрасни и тие повеќе не ја чувствуваат истата должност за грижа.
Според Кејт Ловет, декан на Кралскиот колеџ за психијатри, жените обично се понесреќни од мажите затоа што се чувствуваат оптоварени со домашните обврски.
Истражувањето на 8.000 Британци, исто така, откри дека жените почесто од мажите пријавуваат здравствени проблеми во текот на нивниот живот, пишува Телеграф.
Ова несовпаѓање беше пораспространето кога станува збор за менталното здравје, при што 28 проценти од жените на возраст од 16-24 години пријавиле проблеми со менталното здравје, во споредба со само 16 проценти од мажите.
Но, оваа бројка е 18 проценти, кога двата пола се на возраст од 25 до 34 години.
До моментот кога жените ќе достигнат средна возраст, нивната среќа сè уште варира, бидејќи 24 отсто од нив се класифицирани како ментално болни на возраст меѓу 45 и 54 години.
Предметното истражување имаше 12 прашања, кои беа креирани со цел да се процени нивото на самодоверба на интервјуерот, нивото на анксиозност и проблеми со спиењето.
Така, статистички, жените имаат поголема веројатност да развијат депресија, иако Ловет објаснува дека мажите се тие кои се најранливи на оваа состојба, особено оние на возраст над 85 години и без романтичен партнер.