Мажите и жените користат различни делови од мозокот кога се сеќаваат. Тие полесно се сеќаваат на среќните моменти отколку нивните партнери на лошите, покажува истражувањето
Жените помалку паметат непријатни настани од мажите, открива студијата на Универзитетот во Монтреал.
Научниците им покажаа на волонтерите слики од мачки до еротски слики, додека нивните реакции беа следени од ЕЕГ мониторот.
Откако ги погледнале сликите, волонтерите морале да притиснат копче за да потврдат дали веќе ја виделе таа слика.
Во тестовите, жените поминале полошо кога станува збор за непријатни слики. Без оглед на тоа што емоциите им ја попречуваат меморијата, но негативните уште повеќе го зајакнуваат ефектот, докажува истражувањето, пишува Дејли Мејл,
Жените полесно се сеќаваат на среќните моменти, додека мажите подобро ги паметат несреќните ситуации. За да се потсетат на одредени настани, тие користат различни делови од мозокот.
„Фотографиите со емотивни сцени како војна го заматуваат сеќавањето на жените и тие не знаат дали ги виделе претходно. Наместо лоши моменти, подобро се сеќаваат на добрите, додека кај мажите е спротивното“, нагласува водачот на студијата, Марк Лавоа.
Кога се сеќавате на убавите моменти, кај жените се активира десната хемисфера на мозокот, додека кај мажите левата хемисфера. Резултатите од ова истражување покажуваат дека гледањето работи зависи од полот, додава тој.