Еден маж е во вистинска неволја со пенисот…
Кога станува збор за табу теми и нешто поинтимни прашања, претпочитаме да бараме совет од непознати, но и од експерти. И воопшто не е чудно да се поставува прашање анонимно на разни форуми… 35-годишен маж решил да направи нешто слично.
Без да го открие идентитетот, тој побара совет на еден портал, каде работат психолози и лекари кои им помагаат на луѓето. Може да се каже дека трпи вистинска машка болка. Како што вели, неговиот пенис е толку мал што жените не сакаат да имаат секс со него. Затоа решил да побара помош од психолог и напишал:
„Жените ми се смеат кога ќе ја видат големината на мојот пенис . Имам 35 години и сам сум. Имав многу врски за една вечер и привлекувам жени кога излегувам со пријателите, но тоа никогаш не оди подалеку од една вечер “ започна тој и потоа објасни што е проблемот:
„Мојот орган е мал. Мал е и кога е нормално и кога е во ерекција . Кога играм фудбал гледам дека не сум толку голем како момците во соблекувалната. Последните две жени со кои бев се кикотеа кога почнавме акција. Не знам што да правам“.
А потоа дојде советот на психологот:
„Сите знаеме дека големината не е важна. Ретко добивам порака од жена дека нејзиниот партнер нема доволно голем пенис. Споредувањето со другите момци само ја намалува вашата самодоверба. Немојте премногу да се фикусирате на врски за една ноќ. Наместо тоа, обидете се повеќе да се фокусирате на развојот на вашата врска. Партнерката потоа ќе ве одведе во кревет како личност. Таа нема да биде фокусирана само на она што е во вашите панталони“.