Жерар Пике понижен на прослава пред пријателите: „Јас сум шампион, ти си никој“ 

Веќе е познато дека поранешниот фудбалер не сака ниту да ги слуша песните на бившaта за време на забава, а последната непријатност сигурно му ја уништи вечерта.

Шакира и Пике не престануваат да ги заинтригираат сите околу нив. Секое нивно појавување го буди вниманието на јавноста, а се чини дека обожавателите на пејачката се наоѓаат на секој чекор.

Имено, Пике е многу посветен на својот проект Кралската лига во чии рамки организираше турнир, па во тоа име организираше голем собир во клуб и планираше да одржи говор. Само што го зеде микрофонот, од публиката се слушна гласно скандирање „Шакира, Шакира“.

Според фановите, Пике бил видно изнервиран и само рекол:

„Што и да е, јас сум сè уште светски шампион, а ти си никој“.

Дури и еден од присутните, Икер Касиљас, побара да се пушти песната на Шакира Waka, Waka, која го одбележа Светското првенство во 2010 година, за време на кое Пике и таа се запознаа.

Да потсетиме, Пике и Клара Чиа имаа експресен услов при нивната неодамнешна посета на клуб во Андора да не се пуштаат песните на Шакира.