Жестока кавга на црвениот тепих во Кан

Американската пејачка и актерка Кели Роланд дефинитивно знае како да привлече внимание.

На црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан се скарала со член на обезбедувањето.

Кели им позираше на фотографите, а потоа во придружба на обезбедувањето почна да се качува по скалите. Овде и таму застануваше да мавта и да позира. Меѓутоа, во еден момент дошло до жестока расправија со чуварот. 

На видеото и фотографиите Кели делуваше многу луто. Прво го потапкала обезбедувањето, а потоа почнале да разговараат.

Тогаш пејачката „пукна“ – се намурти, мавташе со прстот и викаше. Вториот чувар брзо пристигнал и почнал да разговара со колегата, а Кели уште еднаш и се развикала на жената. 

Видеото од кавгата се прошири на социјалните мрежи, а обожавателите на пејачката шпекулираат дека член на тимот за обезбедување и згазнал на фустанот и поради тоа Кели се налутила. 

Сепак, што точно се случило на црвениот тепих се уште не е познато и Кели не се изјаснила.

Сето ова се случи пред премиерата на француско-италијанскиот филм „Марчело Мио“.

Ова не и е прв драматичен инцидент оваа година во кој е вмешана. Таа се најде на насловните страници во февруари кога се откажа од шоуто Today затоа што не беше задоволна од нејзината гардероба. Кели и нејзиниот тим наводно побарале соблекувална на вториот кат, но таа веќе била преземена од Џенифер Лопез.