ЖЕСТОКИ БОРБИ НАД ТУРСКАТА ОБЛАСТ: Руси ги разнесоа украинските дронови

Руската армија утринава спречи обид на Киев да изврши напад на руска територија со два беспилотни летала , соопшти Министерството за одбрана.

– Руските сили за воздушна одбрана уништија украински беспилотни летала над територијата на регионот Тула – се наведува во соопштението на Министерството, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека во понеделникот вечерта над областа Брјанск, силите за воздушна одбрана собориле два украински беспилотни летала.