Мета се аеродромите и воените објекти.
Десетина експлозии се слушнаа во Севастопол, на полуостровот Крим .
Русите објавија дека нивните системи за противвоздушна одбрана се оперативни, а телеграм каналот Кримски ветер објави дека се погодени неколку цели.
Еден жител за украинската јавна телевизија Суспилне изјави дека прво се слушнале десет експлозии, а по некое време уште четири.
🔥🔥🔥Sevastopol. Impact. pic.twitter.com/7V0G8F6d0T
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 23, 2024
Кримски ветер наведува дека по ударот избувнал пожар во заливот Козача, каде се наоѓа базата на руската 810-та поморска бригада.
Русите: Го одбиваме нападот
Оттаму додаваат дека на местото на нападот се испратени неколку противпожарни возила и амбулантни возила.
Тие нагласуваат дека дошло до многу силна експлозија кај Балаклава и дека „нешто гори во близина на аеродромот“ во Симферопол.
#URGENTE ROTURA: Ucrania ha desatado una ola masiva de misiles de crucero Storm Shadow contra Crimea. Se están alcanzando objetivos en toda la península. Las explosiones que se ven en este vídeo tienen lugar en el aeródromo de Belbek.
— the sniper (@thesnip24382774) March 23, 2024
Vía @UKR_token https://t.co/a3dgF5vEl5 pic.twitter.com/RhEKJDfsSX
Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол, рече дека тие одбиле масовен напад врз Севастопол.
– Според прелиминарните информации, соборени се повеќе од 10 проектили. Ракетниот напад продолжува – напиша Развозаев.