Две лица се повредени, а десетици станбени и други згради се оштетени во руски ракетен напад врз регионот на Киев во текот на ноќта, изјави денес шефот на регионалната државна администрација.
Од трите ракети лансирани од Русија , украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништи две над регионот на Киев, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук.
Во својата објава на апликацијата за пораки Телеграм, Олешук не кажа што се случило со третиот проектил. На социјалните мрежи се шири видео од руска ракета како лета над Киев.
Як мінімум чотири крилаті ракети летіли через Київщину. https://t.co/Jhi230pT7k pic.twitter.com/VxhHvwDUSs
— monitor (@war_monitor_ua) June 23, 2024
Две лица се повредени
Фрагменти од ракетата повредија две лица на кои не им беше потребна хоспитализација , напиша на Телеграм Руслан Кравченко, шеф на управата на регионот Киев.
Делови оштетија и шест катни згради и повеќе од 20 приватни куќи, додаде Кравченко. Освен тоа, оштетени се бензинска пумпа, аптека, управна зграда и три автомобили во регионот.
Киев, околниот регион и неколку други ширум Украина беа под тревога за воздушен напад околу еден час утрово, почнувајќи од 4:50 часот по локално време.
Очевидци на Ројтерс изјавија дека слушнале неколку експлозии во и околу Киев во тоа време.
Украина неуспешно нападна руска територија со беспилотни летала
Руски систем за воздушна одбрана уништи 12 украински беспилотни летала кои ја нападнаа руската област Брјанск, изјави во неделата гувернерот на тој регион, кој граничи со Украина.
Според досегашните податоци, во нападот нема жртви или материјална штета, изјави Александар Богомаз, гувернер на областа Брјан.
Русите вчера извршија голем напад на Харков
Русија вчера го нападна Харков и удри во станбена зграда во Харков. Во нападот на вториот по големина украински град загинаа две лица, а 53 беа повредени. Меѓу нив има и три деца.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара поголема помош за да и помогне на земјата да се справи со растечката закана од такво оружје.