Пејачката Весна Џогани, сопруга на Џоле Џогани, со кого има две деца, еден период од детството го поминала во Домот за негрижени деца, имала многу тешко детство на кое сè уште се сеќава иако тогаш била мала. Како што еднаш раскажала, живеела под мост во трошна куќа.
“Ова е улицата на моето детство. Тука сум родена. Тука пораснав. Првите концерти ги имав во мојот двор. Тука започна мојата кариера. Тука започна мојот сон. Ова е мојот мост – Мостот на моето детство. Овде игравме меѓу два огна. Тие одеа. Навивачите на Звезда и Партизан поминуваа преку него секоја недела и гласно навиваа. Трамваите ќе брмчеа, а за нас децата беше како да ја слушаме најубавата музика. Го сакавме тој звук. И сега некој ми го извалка мостот. Го извалка моето детството. Погана уста извалка чисто детско срце. Извалка сон. Извалка детски соништа. Да, јас бев сиромашна девојка. Со големи соништа Кутра девојка со голема имагинација“, напишала тогаш Весна.
„Може ли некој да те осуди, само затоа што си живеела под мост. Имав само парче леб. Тажна сум поради тоа и тоа многу ме боли. Само овој мост знае која сум јас. Денес не дојдов тука поради мене туку поради девојчето кое плаче во мене. Никој не ме крена, и не ми го покажа патот по кој треба да одам. Се изборив сама. Можам да бидам тоа што сум. Успешна, мирна жена. Со многу љубов околу мене. Со публика која се радува со мене, понекогаш плаче. И мојот глас ги смирува. И нека не го допираат мојот мост! Нека не дозволат моите солзи да течат. Ви благодарам многу добри луѓе… Сега сум мирна затоа што ги добив сите одговори. Мојот мост. Мојата љубов. Моето детство“, додаде таа.