Шимпанзо по име Ванила го виде небото за прв пат откако пристигна во Флорида.
Ванила има 28 години и живеела во мал кафез во Лабораторијата за експериментална медицина и хирургија на примати (ЛЕМПСИП). Лабораторијата била затворена во 1997 година, по што шимпанзото било сместено во малку поголемо светилиште во Калифорнија. Сепак, светилиштето било затворено и во 2019 година поради ширење на пожар кој ги загрозил сите шимпанза. Минатата година, Ванила и нејзината група беа пренесени на пространа локација на Флорида, каде за прв пат го виде отвореното небо.
Претходните услови во кои живеела Ванила биле далеку од идеални. Во Калифорнија, нејзиниот дом беше кафез без трева и содржина, додека новото засолниште Save the Chimps во Форт Пирс, Флорида е вистински рај за 226 шимпанза спасени од лаборатории, индустријата за забава, трговија со егзотични животни и зоолошки градини. Многу шимпанза со години се во изолација без да комуницираат со својот вид.
За среќа, Ванила добро се прилагодила на новата средина и живее на својот остров заедно со 18 шимпанза. Таа има особено добри односи со Двајт, алфа мажјакот од кого често „краде“ храна.