Животната драма на некогаш најплатениот фудбалер во светот: “Има психолошко нарушување, самиот може да си наштети…“

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Аргентина, Езекиел Лавеци (38 г.) во последните два месеци ги минува најтешките моменти во животот. По неколку хоспитализации, неодамна тој заврши на психијатрија. Беше избоден со нож во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира.

Медиумите пишуваат дека докторите утврдиле што не е во ред со Езекиел Лавеци. Имено, му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.

Езекиел Лавеци не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психолошко нарушување кое може да предизвика некој да се повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори“, изјавил адвокатот на Езекиел Лавеци.

Тој објасни како една хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.

Хипоманијата е дел од биполарното растројство, познато и како манична депресија.

Езекиел Лавеци беше најплатениот фудбалер во светот. Само во кинескиот клуб Хебеи, заработуваше над 20 милиони долари за сезона. Во својата кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и ПСЖ, а за Аргентина забележа 51 настап и го освои сребрениот медал на Светското првенство во Бразил 2014 година.

АргентинаЕзекиел Лавециживотфудбал