Животниот век во Македонија најкраток во Западен Балкан

Граѓаните на Македонија живеат просечно 74 години, со што се на последното место меѓу шесте земји од Западен Балкан, покажува извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население.

Најдолговечни во регионот се жителите на Косово со очекуван животен век од 80 години, пред тие од Албанија со 77, во Црна Гора се живее просечно 76 години, а во Босна и Херцеговина и во Србија по 75.