– Откако руските сили ја урнаа браната на хидроелектраната „Каховка“, вработените во прифатилиштето за животни од Лавов веднаш тргнаа во спасувачка мисија во поплавениот Херсон.
Од подрачјето под вода, во Лавов донесоа 72 спасени кучиња и 96 мачки, кои се сместени во специјални боксови во прифатилиштето.
Граѓаните од западниот украински град, кои живеат во релативен мир, можат да вдомат кое било од животните. Исто така, секој што сака може да однесе куче на прошетка.
Во текот на руските напади на Украина, вработените во прифатилиштето за спасени животни евакуираа илјадници животни од борбената зона спасувајќи им ги на тој начин животите.