“ЖИВОТОТ Е ВИСТИНСКО ЧУДО“ – Оваа жена останала бремена и била во 40. недела без да знае дека е бремена: “Се породив во тоалетот…“ (видео)

Една жена која не знаела дека е бремена, раскажала како се породила во тоалет, откако мислела дека породувањето е само потешка форма на запек, пишува Daily Mail.

Марла МекЕнтајр од Џорџија останала бремена и била во 40 недела без да знае дека е бремена. 34-годишната жена кажала дека за тоа време само еднаш ја пропуштила менструацијата, а потоа направила тест за бременост, кој бил негативен.

Но, на крајот од целата „голгота“ во тоалетот го родила својот син тежок пет килограми и 54 сантиметри, кого го нарекла Атлас КоенМарла ја сподели својата приказна на социјалната мрежа ТикТок и стана вистински хит.

Имам 34 години и никогаш не ни помислив дека сум бремена. Но, забременив минатиот мај и немав голем стомак, не ми никна папокот, немав утрински мачнини, никогаш не почувствував како бебето клоца – ништо“, раскажува таа во видеото.

Во јануари почна да ме боли колкот и имав стомачни проблеми, па отидов кај хиропрактик и доктор и никој од нив не забележа дека носам бебе“, вели таа.

Зборувајќи за ноќта кога се родил Атлас, таа кажа: „Таа ноќ мислев дека имам запек. Го замолив татко ми да ми земе лаксативи од аптека, по што отидов во тоалет околу пет пати. И тој петти пат дојде на свет Атлас“.

Марла, која користи контрацепција од својата 18-та година, исто така кажа: „Само што го родив Атлас во тоалетот. Погледнав надолу и видов дека е жив, па му се јавив на татко ми. Ми помогна да го извадам од тоалетот бидејќи малиот сè уште беше прикачен за мене за папочната врвца“.

Погледнав надолу во тоалетот, а водата му беше до брадата и ушите. Ме погледна како да сакаше да каже: Ќе ме извлечеш одовде, мамо ?“, раскажува таа.

Таткото на МарлаКевин, веднаш се јавил на 911 и докторите по телефон го советувале што да прави понатаму.

Тие му кажале: Во ред, треба да внимаваш на папочната врвца. И тој не знаел што да прави, па земал клип за чипс и го искористи за да ја прицврсти папочната врвца додека не дојде помошта. Живееме подалеку од центарот, па требаше 20 минути да дојде итната помош. И за тоа време седев на подот во бањата и размислував за тоа што штотуку ми се случи“, вели таа во видеото објавено на социјалната мрежа.

Марла кажала дека бањата „изгледала како сцена на убиство“ и дека таа и нејзиниот татко се обидувале да останат колку што е можно присебни. На крајот мајката и бебето биле пренесени во болница каде било констатирано дека се целосно здрави.

Марла кажува дека се уште има проблеми со татковството, но додала дека е многу благодарна на семејството и пријателите кои се собрале за да помогнат за толку кратко време да се купи опрема и прибор за бебето.

бебебременост