Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, наводно е во животна опасност и е ставен во вештачка кома поради отфрлање на трансплантираниот бубрег.
Рамзан Кадиров пред неколку дена наводно бил опериран, но операцијата, како што пренесуваат медиумите, била неуспешна.
Информацијата дека претседателот на Чеченија е во кома, на социјалната мрежа Х (Твитер) ја сподели поранешниот потпретседател на руската нафтена компанија „Јукос“, Леонид Невзлин.
„Привремени информации од Централната клиничка болница: Рамзан Кадиров пред неколку дена почна да доживува отфрлање на бубрегот. Најверојатно, но не и дефинитивно, претходно биле трансплантирани во Емиратите од локални доктори кои, како што е познато, го лекувале најмалку година и пол. Во секој случај, според протоколот, тој е ставен во индуцирана кома. Понатаму, не можам да гарантирам дека докторите во Централната клиничка болница констатирале мозочна смрт. Итно се повикани доктори од Емиратите. Тие се таму и веќе работат на него. Сето тоа е вистина. И имаше гласини и од некој висок ранг од Чеченија или неговата мајка. Останатите информации се помалку значајни. Не можам да ја исклучам играта ‘смрт’ во интерес на Кремљ, како и вистинската смрт на Рамзан Кадиров. Утрото е помудро од вечерта, утре ќе биде појасно“, напиша Леонид Невзлин.
Според неговите информации, Рамзан Кадиров се наоѓа во посебен блок со обезбедување, каде го посетиле неговите роднини. Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, беше подложен на операција на трансплантација на бубрег на 17. септември, но органот не бил прифатен.