Животот после смртта постои! Научник кој со години ги проучувал луѓето кои умираат, тврди дека има доказ за тоа

Американскиот научник Сем Парнија тврди дека пронашол докази за живот после смртта преку истражување на милиони пациенти кои имале искуства блиску до смрт.

Д-р Сем Парнија, вонреден професор по медицина на Медицинскиот центар Лангоне на Универзитетот во Њујорк, откри дека пациентите кои оживеале по срцев удар често опишуваат како се сеќаваат на секој момент од нивниот живот.

Она што е фасцинантно, истакнува Парнија, е тоа што спомените се појавуваат не само од нивна перспектива, туку и низ очите на другите луѓе.

Овие искуства, кои се предмет на интерес со децении, се случуваат кога луѓето се клинички „мртви“ и нивните шанси за опоравување се минимални.

@listentotimesradio #afterlife #lifeafterdeath #neardeathexperience #istherelofeafterdeath #whathappensafterdeath #lifestyle #fyp #foryou #foryoupage ♬ original sound – Times Radio 📻

Низ триесетгодишно истражување на илјадници луѓе, Парнија ја истражуваше границата меѓу животот и смртта и рече: – Милиони луѓе низ светот поминаа низ оваа фаза на смрт и беа вратени во живот. 

Додека однадвор се без свест, Парнија тврди дека овие луѓе поминуваат низ интензивни искуства одвнатре. Тие често раскажуваат сцени како да набљудуваат сè надвор од нивните тела и имаат чувство на „свесност од 360 степени“, дури и кога медицинскиот персонал се обидувал да ги оживее.

Докторот додава дека пациентите честопати го преживуваат секој аспект од својот живот, вклучувајќи ги и чувствата што ги предизвикале кај другите – без разлика дали се болни или среќни.

Овие феномени се донекаде поддржани од научни истражувања, бидејќи е познато дека мозокот задржува краткорочна активност дури и по срцев удар, додека во некои случаи може да доживее кратки изливи на активност и до еден час подоцна за време на реанимација.

Овие заклучоци предизвикаа дискусии меѓу лекарите за можноста за промена на стандардната практика на прогласување смрт, пишува Дејли мејл.