ЖИВОТ ПО СМРТТА !? Познат доктор открива фасцинантни детали: Тврди дека може да врати човек во живот во последен момент по клиничката смрт

Д-р. Захари Палас е медицински директор во Ривердејл, Њујорк, кој тврди дека открил стратегија што може да спаси човек непосредно пред клиничката смрт.

Докторот тврди дека потопувањето на лицето во ладна средина може да го одложи самиот процес, давајќи им на докторите повеќе време за реанимација.

Инаку, оваа постапка е позната и како „терапевтска хипотермија“, а се користи кога пациентот има срцев удар.

Индуцираната терапевтска хипотермија по кардиореспираторен арест надвор од болница предизвикана од нарушување на срцевиот ритам се користи се почесто во последниве години како дополнителна терапија по реанимација.

Кога човек е блиску до смртта, постојат две фази низ кои поминува“, вели д-р. Палас.

Прво, телото го доживува она што е познато како клиничка смрт. Клиничката смрт значи неповратен и конечен прекин на работата на срцето и протокот на крв и дишењето“, објаснува тој.

Околу шест минути подоцна се јавува фазата на биолошка смрт. Тогаш мозочните клетки почнуваат да умираат. Луѓето го чувствуваат светот до три минути по смртта.

Меѓутоа, само затоа што нечие срце престанало да чука, не значи дека се губи сета надеж.

Докторите можат да го оживеат телото во фаза на клиничка смрт. Имено, животот после смртта го „потврдиле“ експерти кои велат дека свеста продолжува и откако срцето на човекот ќе престане да чука.

Една студија дури покажува дека луѓето продолжуваат да се чувствуваат свесни и до три минути по смртта.

Д-р. Палас открил дека потопувањето на лицето во ладна средина може да ја одложи биолошката смрт.

Тој објасни: „Колку е телото постудено, толку е побавен метаболизмот, па тие побавно трошат кислород“.

Тоа значи дека ладењето на човекот им остава повеќе време на докторите да пробаат сè за да го вратат во живот пациентот.

Научниците со години го проучуваат животот после смртта. И, секако, не е прв пат докторите и пациентите да споделуваат приказни за работи што ги научиле преку искуства блиску до смрт.

животсмрт