Жителите на повеќе села од општина Старо Нагоричане (Пелинце, Алгуња, Сув Ора, Челопек, Коинце, Бајловце, Канарево, Стрновац, Облавце и други) пријавиле штети настанти од вчерашниот град која ја зафати општината во попладневните часови. Како што информираше заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски, најмногу штета има на житните култури, лозови насади и други култури. Дел од оштетените земјоделци веќе побарале помош од општината.
- Во четврток е закажана седница на советот на општината. Имаме формирано комисија и советот треба да даде согласност за да комисијата почне со работа. Земјоделците ќе донесат документација има мал проблем бидејќи дел од нив ги работата нивите под закуп, а не се сопственици на површните, изјави Цветановски.
До општина Старо Нагоричане не пристигнале информации за отштетни куќи и викендички. Вчера поголем дел од селата од козјачијата беа зафатени со невреме врнежи од град проследени со силен ветер и дожд.