ЖОЗЕП БОРЕЛ БАРА ИТЕН БРЕКИН НА ОГНОТ – “Европската унија врши притисок врз двете страни, неопходен е договор!“

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денес изјави дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за хуманитарните паузи во Појасот Газа мора да се спроведе и повика на итен прекин на непријателствата. 

Одлуките на Советот за безбедност не се само зборови… Тие мора да се спроведат“, изјави Жозеп Борел во Доха на заедничката прес-конференција со катарскиот премиер, шеикот Мохамед Бин Абдулрахман ал Тани

Тој посочи дека меѓународната заедница мора да заземе став против кршењето на меѓународното право и додаде дека Европската унија врши притисок врз двете страни да го олеснат договорот за ослободување на заложниците.

Жозеп Борел повика на итна и одржлива хуманитарна пауза и дополнителни напори за заштита на животите на цивилите во Појасот Газа.

војнаЕвропска унијаЖозеп БорелИзраелПалестинаПојас ГазаХамас