Жозеп Борел: “Лага е дека Германија ја откажува помошта за Палестинците“

Првиот човек на европската дипломатија, Жозеп Борел, ги претстави најновите информации за тврдењата дека блокот ја намалува помошта за Палестинците.

Жозеп Борел вели дека во заедничката изјава со ЕУ, земјите од Персискиот Залив се согласиле дека постои важност од постојана финансиска поддршка за UNRWA (Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци) и продолжување на хуманитарната и развојната поддршка за Палестинците во окупираните територии.

Жозеп Борел кажа дека е „лажна информација“ дека Германија ја откажува помошта по саботниот напад.

Германскиот министер јасно кажа дека тоа воопшто не е така, дека Германија ќе продолжи да ја дава таа поддршка“, тврди тој.

војнаГерманијаЕвропска унијаЖозеп БорелИзраелПалестинаХамас