Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

,Израел минатата ноќ започна копнена офанзива врз Рафа и покрај предупредувањата да не го прави тоа, што дополнително ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна состојба во Газа.”, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, пред почетокот на заседание во Брисел.

Тој нагласи дека претходно Хамас се согласил на предложениот план за прекин на огнот во Газа, но сепак бил одбиен од страна на Израел, по што се случи израелската офанзива во Рафа.

,,Не можам да ја замислам хуманитарни загуби што ќе бидат предизвикани. Јасно е дека со продолжувањето на војната ќе настане нова катастрофална хуманитарна криза, поголема отколку што е сега. Останува да видиме како да се справивме со последиците од оваа ситуација.”, истакна Борел.

Тој најави дека за политичката димензија на најновите случувања на Блискиот Исток ќе стане збор на следниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ, без да прецизира кога ќе се одржи.

Тој најави дека на денешната средба ќе стане збор и за начините за поддршка на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток, но и за обезбедувањето средства за реализација на Планот поврзан со Украина, како и за случувањата во Судан.