Жозе Мурињо секогаш е забавен за медиумите, а на прес-конференција приреди ново шоу откако беше прашан за потенцијален ангажман со бразилската фудбалска репрезентација.
„Не разговарав со Бразил. Му кажав на мојот агент дека не сакам да знам за какви било понуди додека не знам дали останувам во Рома. Што се однесува до спомнувањето на имињата на некои тренери во контекст на доаѓањето во Рома, не верувам дека тоа е точно бидејќи верувам дека искреноста е реципроцитет. Немам причина да не верувам дека семејството Фридкин е исто толку искрено со мене како што сум јас со нив“ изјави Португалецот.
„Следниот четврток на Netfilx (Нетфликс) ќе се емитува документарен филм за мене. Во него ќе дознаете работи кои ќе ве натераат да мислете дека сум тотален лудак. Се уште немав потпишано договор со Рома, но дадов збор дека ќе дојдам. После тоа ме контактираше друг клуб и ме замоли да го откажам договорот со Рома. Кога ќе се емитува филмот, сите ќе ми кажат дека сум целосна будала. Кога ме контактираа Португалија и Саудиска Арабија, веднаш го известив претседателот на мојот клуб. Затоа не верувам дека во Рома зборуваат со некого зад мојот грб затоа што јас не го правам тоа“, вели Жозе Мурињо.
Жозе Мурињо веќе беше дел од серијата „The Playbook“ која се емитуваше на споменатата стриминг платформа за тренери од различни спортови, а сега ќе добие и свој документарен филм.