Жозе Мурињо неодамна беше отпуштен од функцијата тренер на Рома. Тоа е збогување кое Португалците и навивачите на „Волчицата“ го прифатија со тешко срце, а епизодата во Рим зазема посебно место во тренерската кариера на 61-годишниот стручњак.
Сега, по речиси еден месец од раскинувањето на соработката, емоциите малку стивнаа и Жозе Мурињо си ја отвори душата на Јутјуб каналот Om и ги откри најзначајните моменти во кариерата, но и неостварените желби.
„Имаше многу добри работи во мојата кариера, многу фантастични натпревари за паметење и невозможно е да одберам еден или два. Има и многу лоши спомени, две полуфиналиња во Лигата на шампионите изгубени на пенали, како и финалето во Лига Европа изгубено на пенали затоа што судијата одлучи дека не можеме да победиме. Има и многу лоши спомени“, вака го започна интервјуто Жозе Мурињо и се надоврза со триумф во Конференциската лига.
„Тоа не е најважниот трофеј што сум го освоил, но поради димензијата на радост што ја донесе, а не само затоа што беше последен, би рекол дека е најголемиот во мојата кариера“, вели тој.
Жозе Мурињо потоа се осврна на прашањето кој играч би сакал да тренира, но досега немал шанса.
„Пример е Лионел Меси, не треба да се тренира. Кој може да каже – ‘Јас бев тренер на Меси ?’. Мене ми изгледа апсурдно, затоа што знае се и се родил со се. Можеби тој може да те научи нешто. Би сакал да го тренирам само за да има чест да се пофали со такво нешто. Помеѓу другите играчи го сакав и Де Роси. Го сакав и Тоти во Интер, и покрај неговите години, но и тоа не беше можно. Тоа се секогаш играчите кои сакате да ги тренирате во текот на вашата кариера“, открива Жозе Мурињо.